Видови истражувања

Home/Видови истражувања
Видови истражувања 2017-04-20T21:35:38+00:00

Видови истражувања

  • Квантитативни (истражувања со примена на структурирани прашалници каде се вклучени голем број на испитаници)
  • Квалитативни (истражувања со собирање, анализа и интерпретација на податоци врз основа на набљудувањата, пообјективни од квантитативните и испитуваниот примерок е најчесто помал)

Типови истражувања

  • Ад хок истражување претставува истражување дизајнирано специјално за потребите на некој конкретен проблем или ситуација.
  • Истражување на биро е систематско, кое содржи податоци за конкретниот предмет на маркетинг или социјалното истражување. Често се додаток на “истражувањето на терен”, но може да имаат и големо примарно значење.
  • Длабинските интервјуа вклучуват контакт од типот еден-на-еден со испитаници што обично се спроведуват лице-в-лицеили телефонски. Нудиме повеќе типови на фокус групи (едно- и двонасочни, преку дуел, мини фокус групи, со учество на клиенти, онлајн и други).
  • Интервју лице-в-лице се користи за директно интервјуирање, со кое анкетарот директно се обраќа на испитаникот за да добие одговор за одредена тема што е цел на истражувањето. Анкетирање со прашалник може да се спроведе и преку е-пошта.
  • Интервју во фокус група е процес што се применува за да се добијат детални информации за одредена тема. Тоа е особено корисно за истражување на ставови и чувства и да се извлечат прецизни теми што може да се непознати за истражувачот.
  • Телефонско интервју е анкетирање на одредена тема на случаен или намерен примерок на испитаници со помош на структуриран прашалник преку телефон.
  • Комбинирани методи за анкети – е начин на истражување каде за да се соберат потребните примарни податоци се применуваат повеќе различни методи за истражување каде се вклучени и претходно споменатите, за да се подобри квалитетот на собраните податоци. На тој начин се врши проверка или тестирање на знаењето на избрана популација за одредена област со помош на однапред изготвен (структуриран) прашалник кои содржи затворени и/или отворени прашања. Изборот на испитаници може да биде случаен и намерен, зависно потребата за конкретното истражување.
Нашите истражувања со кои се истакнува дополнителната вредност што ја нудиме, овозможувајќи да сме присутни на македонскиот пазар повеќе од 20 години, се темелат врз принципите на иновативност, независност, прецизност, продлабоченост, ригорозност, соодветност и софистицираност. Потребата за вакви истражувања и резултатите што ќе се добијат од нив се наменети за разни групи на корисници (маркетинг служби, група на експерти, мала група составена од раководни лица, јавни гласила и широката публика.