За нас

Home/За нас
За нас 2017-04-25T21:29:04+00:00

За нас

Друштвото за истражување, консалтинг и услуги БСЦ ЕСТЕК е основано 1992 год. Центарот спроведува анкети и врши истражувања за приватни фирми, меѓународни, државни и локални владини агенции, медиуми и непрофитни организации.

Мисија

Главна мисија на БСЦ ЕСТЕК е да дава истражувачки услуги на фирми, академски и јавни истражувачи и да го помогне образованието на истражувачи, студенти на додипломски и после-дипломски студии. Нашиот персонал се придржува до највисоките академски и владини стандарди и процедури за истражување. Посветени сме на примена на современа технологија и постојано го подобруваме квалитетот и ефикасноста на нашите заложби како истражувачи. Применуваме и промовираме највисоки етички стандарди.
Се залагаме да овозможиме сиот наш персонал да придонесе за успешноста на истражуваниот проект.

Вредности

Независност
БСЦ ЕСТЕК ја одржува независноста и кредибилитетот на сите теми што се предмет на јавна дебата.
Иновативност
Карактеристика на нашата работа е креативниот приод кон секој проект. За секој клиент, ние донесуваме свеж, иновативен приод кон концепцијата на истражувањето.

Ригорозност
За секој проект применуваме метотолошки испробани процедури што одговараат на задачата. Проценките на нашите искусни истражувачи се дел од секој проект.

Прецизност
Од фазата на изготвување прашалник до собирање на податоци и нивна обработка се фокусираме на прецизност што ја постигнуваме преку внимателен надзор на секој чекор.

Софистицираност
Преку софистицирана анализа на податоците со примена на статистички техники, БСЦ ЕСТЕК ги претвора бројки во корисни информации.

Продлабоченост
Клиентите се потпираат на БСЦ ЕСТЕК поради ангажираните, промислени извештаи што даваат јасна и неутрална анализа на битните факти од истражувањето. Нашите извештаи се изработуваат за сите посебни корисници, како јавноста, јавните гласила или мала група на раководни лица.

Соодветност
Секојдневно соработуваме за да ја постигнеме целта на клиентот за кого го правиме истражувањето и притоа сме свесни дека тие цели може да се менуваат.