- Изготвување на апликации за добивање грантови за проекти
- Консултантски услуги за подготвување на бизнис планови
- Изготвување на извештаи за разни истражувања и проекти
- Едукациски план и планирање на разни настани (семинари, работилници, вебинари и конференции)
- Предлог промотивни активности и услуги преку лична продажба, економска пропаганда, односи со јавност и публицитет, продажна промоција и директен маркетинг за нашите клиенти и партнери.
Еден од актуелните проекти во тековната 2015 година, каде има за цел да ја испита социјалната и економската ситуација на населението во Македонија е проект финансиран од Американската компанија GALLUP Inc. Имено, компанијата БСЦ Естек како резултат на успехот што го постигна во 2014 година за истоимениот проект ја доби престижната награда “DEVELOPMENT AWARD”.